На 6 октомври пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на Општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода. Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена кој ќе ја издржува во Казнено – поправната установа Затвор Шутка во Скопје.