петок, 27 септември 2024

Кривична пријава за поранешниот директор на затворот во Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против Б.Ц. (40) од Струмица поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.. Тројцата осуденици користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затворот и по еден месец. А во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К., кој понекогаш се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ