петок, 26 јули 2024

Кривична пријава за петтемина кои на 8 Март се обидоа да убијат младо момче на Бит пазар

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за обид за убиство против пет лица кои на 8 март околу 19 часот на Бит Пазар во Скопје со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) и му нанеле тешки телесни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје и С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, се лишени од слобода, а денеска и Ј.Б.(20) од Скопје е лишен од слобода“, соопшти денеска МВР.

Во координација со ОЈО Скопје полицијата поднесе кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на лицата С.Е. и Х.Е. им е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека пак на лицата И.Е. и Б.Е. определена им е мерка домашен притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ