среда, 18 декември 2024

Кривична пријава за осомничените кои планирале терористички напади во Македонија

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) завчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против осомничените Х.Б. од Струга и Р.С. и Т.М. и Г.М. тројцата од Гостивар за сторено кривично дело терористичка организација.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, Г.М. на почетокот на 2024 година создал терористичка организација во која членуваат Х.Б., Р.С. и Т.М., како и уште неколку засега непознати лица, па сите заедно формирале терористичка организација- (ќелија) со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со  намера за изведување на терористички акт на цивилни или таканаречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Македонија.
„За остварување на таа намера, Г.М. формирал повеќе групи на социјалната мрежа телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа требало да ги искористат за извршување на терористички напади. Х.Б., Р.С. и Т.М. членувале во дел од телеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС како што е официјален весник на ИСИС, ЕН-Небе, информираат од МВР.
Како што се наведува во соопштението, по издадена наредба за претрес во дом од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес каде што престојувал Г.М., при што се пронајдени и одземени пиштол гап, калибар 8 милиметри со празна рамка со метален додаток, два лап топ компјутери, полнач за лап топ, два мобилни телефони со две СИМ картички и истите се доставени до ОЈО ГОКК.„По извршената анализа на обезбедените електронски докази содржани во телефонот на Г.М., утврдено е дека тој формира и координира активности во својство на војник на ИСИС односно таканаречната Исламска држава за медиумска промоција и заштита на терористичката организација, со намена за албанското говорно подрачје. Активностите се одвиваат главно на социјалната мрежа телеграм, при што Г.М. користи телеграм профили со кои што формира и администрира  повеќе телеграм групи за организација и преработка на материјали преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС како што се, Ал-Хајат медиа центар (официјален медиум на ИСИС), официјален весник на ИСИС Ен-Небе“EN-Nebe“ () и Ал-Бајан радио  “Al-Bayan-Radio, официјалниот радио канал на ИСИС. Исто така, Г.М. формира неколку други телеграм групи во кои координира активности за ширење на агендата на ИСИС. Г.М. набавил повеќе фотографии со кои што се поттикнува извршување на терористички акти за време на новогодишните и божиќните празници со намера да ги сподели во телеграм групите кои што ги формирал за да поттикне извршување на терористички напади“, велат од МВР.

Врз основа на добиени наредби за претрес на дом, завчера бил извршен е претрес во дом и други простории кај осомничените, при што пронајдени и одземени се повеќе мобилни телефони, лап топ и деск топ компјутери, таблет, преносна меморија, видео рекордер, разна документација, листови хартија со натписи на арапски и албански јазик, прстен со амблем на ИСИС, книги со литература на арапски јазик…

Истиот ден, сите осомничени се уапсени и вчера беа изнесени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ