сабота, 27 јули 2024

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца вработени во МЗШВ

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од Тетовско, со престој во Скопје, осомничени за кривично дело несовесно работење во службата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп  земјоделско земјиште во државна сопственост.

„По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25 ноември 2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање понуди за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин“, информира МВР.

Членовите на комисијата кои не учествувале на јавното отворање на понудите, на 6 јануари 2022 дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик-министер во Министерството и јавниот повик со решение бил поништен.

„На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ