сабота, 19 октомври 2024

Кривична пријава за лицата кои во колиба пакуваа дрога и ја нападнаа полицијата

Тетовската полиција поднесе кривични пријави против две лица кои кон крајот на минатиот месец беа откриени како во колиба пакуваат дрога, а при влезот на полицајците, еден од нив, вооружен, ги нападна полицајците.

Објавено на

часот

Сподели

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, како и за делото – напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста. Кривична пријава е поднесена и против Н.С.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

На 28.08.2024, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода со уште двајца малолетници во селото Палатица, на место викано Рон Скура, во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. Притоа, биле пронајдени марихуана, пиштол и куршуми.

При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник. Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на прво и второ пријавениот одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ