сабота, 27 јули 2024

Кривична пријава за кумановец кој продавал хероин, кокаин, крек, марихуана

Полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово, синоќа го лишиле од слобода четириесет и тригодишниот кумановецот Д.М.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ