Во текот на 2023 година, во својство на одговорно лице во фирмата, на катастарска парцела во Кичево, пријавениот изградил станбена зграда на која наместо предвиденото поткровје во одобрениот проект, изградил дополнително уште еден кат, со што ја пречекорил дозволената висина.
„Од извршен инспекциски надзор на овластен градежен инспектор при општина Кичево, извршено е затворање на градилиштето со службена лента и службен знак. На 11.02.2025, општинскиот градежен инспектор извршил контрола на затвореното градилиште, при што на место на настанот биле затекнати градежни работници, кои вршеле градежни работи на објектот, односно на претходно затвореното градилиште. На овој начин пријавениот, за износот на не уплатените комунални давачки, нанел штета на Буџетот на општина Кичево во износ од 2.043.139 денари“, информираше МВР.