вторник, 7 јануари 2025

Кривична пријава за изнуда и палење на возило

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.А. (38) и М.М. (20), двајцата од Штип, поради постоење сомневање за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

По преземени мерки и активности било констатирано дека лани на 16 декември на улицата „Сремски фронт“ во Штип, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на З.К.К. од Штип. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека во периодот од 28 до 31 декември 2024, пријавените во повеќе наврати преку смс пораки упатиле закани кон М.А.А. од Штип со намера да му изнудат пари. Двајцата биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Штип, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ