вторник, 18 март 2025

Кривична пријава за измамник што продавал фалсификувани странски документи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „фалсификување на исправа“.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на 2024 година, пријавениот довел и држел во заблуда едно лице од село Чегране, на тој начин што со лажно прикажување и прикривање на факти го убедил дека ќе му посредува во издавање на оригинални документи, патна исправа и лична карта од странска земја, за што лицето му дало 5.000 евра, а пријавениот преправил вистински исправи и му ги приложил на оштетениот како оригинал. На 14.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени возачка дозвола и лична карта од Италија и дозвола за престој од Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ