среда, 23 октомври 2024

Кривична пријава за фрлање на пет тони азбестни плочи и градежен отпад

Инспекторатот за животна средина на град Скопје вчера изрече казна за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, а поднесе и соодветна пријава за кривична одговорност против сторителот кој е затекнат како исфрла азбестни плочи и друг градежен отпад, соопшти Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме да веруваме дека се работи за политички инструирана операција за нагрдување на градот и доведување во опасност на животот и здравјето на скопјани, во која вчера вечер во општина Бутел беа затекнати лица како истураат неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас.
На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, досега единствено Градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат на никаков начин.
Од викендот до денес, комуналните инспектори и инспекторите за животна средина на Град Скопје изрекоа повеќе од 30 казни. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапат сериозно, и да реагираат на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад кое е казниво и според Kривичниот законик на Македонија“, соопшти Град Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ