четврток, 30 мај 2024

Кривична пријава за директорот на Стрежево, иако имал, тој распишал тендер за набавка на нов ратрак друг

Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на Јавното претпријатие (ЈП) Стрежево од Битола, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Кривичната пријава е за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и против Љ.М.П. од Битола, управител на фирма од Битола.

„Имено, М.Г. знаејќи дека фирмата во текот на 2018 година имала набавено тапкач за снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП Стрежево, Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувала фирмата од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач била избрана предметната фирма од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведената фирма на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП Стрежево, Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист“, појаснуваат од МВР во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ