недела, 19 мај 2024

Кривична пријава за директорка на скопска градинка и за поранешен градоначалник

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба против директорка на една скопска градинка и против поранешен градоначалник на општината на чија територија е градинката.

Објавено на

часот

Сподели

До Основното јавно обвинителство – Скопје поднесена е кривична пријава против М.Р., директорка на детска градинка во скопска општина  и против поранешен градоначалник на една скопска општина за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувањата од чл.353 од Кривичниот законик.

Во соопштението е наведено дека директорката на 12.05.2021 година, по објавен оглас за јавна набавка на стоки – електрична опрема за детска градинка – две машини за перење на алишта, со пречекорување на своите службени овластувања, знаејќи дека максималниот износ на набавката требало да биде во вредност од 1.300.000,00 денари без ДДВ, кои средства требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на договорниот орган, како најповолен понудувач  избрала правно лице од  Скопје, иако понудило цена во износ од 1.329.800,00 денари без ДДВ.

Таа донела и одлука за обезбедување на дополнителни средства и изменување на одлуката за јавната набавка, со кое склучила договор за јавна набавка на вкупен износ од 1.569.164,00 денари со вклучен ДДВ, иако од истото правно лице не била доставена банкарска гаранција со самото склучување на договорот во износ од 156.916,00 денари, кој исто така не го испочитувал рокот за достава и набавените машини и наместо за 15 дена ги доставил со задоцнување од околу 150 дена од склучувањето на договорот. Потоа, М.Р. со неизвршување на своите службени овластувања, наместо да го раскине склучениот договор со избраниот понудувач, да активира негативна референца во е-системот на Бирото за јавни набавки и да поведе постапка за наплата на договорената казна во износ од 81.596,00 денари, таа не го направила тоа, велат од МВР.

Второпријавениот како градоначалник на една скопска општина со пречекорување на своите службени овластувања, иако знаел дека средствата за плаќање на машините требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на градинката, извршил промена со проширување на буџетот на општината во делот дотации во износ од 1.534.000,00 денари, и истите на 29.11.2021 ги префрлил на сметката на градинката.

Парите директорката истиот ден ги исплатила кон избраниот понудувач, додека на 22.12.2021 година извршила плаќање на средства во износ од 35.164,00 денари од сопствената сметка на градинката.
На тој директорката и тогапшниот градоначалник го оштетиле буџетот на општината за износ од 1.534.000,00 денари, додека директорката го оштетила буџетот на градинката во износ од 273.676,00 денари како ненаплатена банкарска гаранција и договорена казна и исплатените парични средства од сопствената сметка, на кој начин му овозможиле на правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.807.676,00 денари, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ