среда, 5 март 2025

Кривична пријава за директор на струшко училиште за фалсификување исправа

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ