среда, 5 март 2025

Кривична пријава за директор на основно училиште, ја злоупотребил службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во периодот од 1 септември 2021 до 19 октомври 2021 година постапил спротивно на Законот за јавни набавки.

„Имено, без донесена одлука и без спроведена поедноставена отворена постапка, во која секој заинтересиран економски оператор може да поднесе понуда врз основа на оглас за јавна набавка, без да склучи договор за јавна набавка за превоз на ученици во периодот, повикувајќи се на претходен договор со истечен рок на важност, Г.В. усно договорил превоз на ученици од училиштето со правно лице од Делчево и на тој начин овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 193.000 денари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, како што посочуваат од МВР, пријавениот за сите релации ѝ платил на фирмата и покрај тоа што знаел дека за дел од релациите превозот го вршел подизведувачот, кој поднел тужба и со пресуда на Апелационен суд Штип од училиштето му биле исплатени 200.074 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ