петок, 18 октомври 2024

Кривична пријава за битолчанец, при претрес кај него пронајдени дрога, муниција…

СВР Битола до Основното јавно обвинителство (OJO) Битола, поднесе кривична пријава против 29 godi[niot битолчанец К.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле  марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ