„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(50) од село Мојанци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
На 29.08.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода пријавениот затоа што при извршен претрес во неговиот дом во село Мојанци пронајдени се и одземени пиштол марка екол алп, калибар 9 мм, со три куршуми, пиштол со ознака ‘Бојно државни’ со 106 куршуми, дигитална вага, стебла канабис и други предмети“, се вели во соопштението на МВР.