четврток, 30 мај 2024

Кривична пријава против двајца од четворицата крадци на сеф во скопско Црниче

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода вчера ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Тие се сомничат дека на 1 април 2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле тешка кражба, при што украле сеф.

„Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода  до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело тешка кражба, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор“, се вели во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ