петок, 24 јануари 2025

Кривична пријава на Финансиската полиција за манипулација со ортопедски помагала и штета на Фондот за здравство од 8,7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект Бауерфеинд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект Бауерфеинд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Од Финансиската полиција денеска соопштија дека првопријавенaта И.Т во период од 1 јануари 2014 до 31 декември 2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото „натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на ортопедски средства-натколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист.

На овој начин, се подвлекува во соопштението, го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 1 јануари 2014 до 31 декември 2016, при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила набавка и испорака на 171 несодветни помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив „натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 763.470 денари во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186 денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ