четврток, 24 октомври 2024

Кривичен суд: МВР е одговорно за бегството на Рамадани

Одговорноста, системска или индивидуална, за бегството
на Косовецот Блерим Рамадани кој избега од куќен притвор во Македонијатреба да се бара кај органот кој го врши надзорот, а тоа е МВР, велат во соопштението до јавноста од Основниот кривичен суд Скопје откако јавноста побара одговорност од судијата Пајазит Пајазити затоа што одлучи Рамадани кој се бара со потерница од Србија, од притвор да оди во куќен притвор додека трае екстрадициската постапка.

Објавено на

часот

Сподели

Од Кривичниот суд како еден од фактите за одлуката на судијата Пајазити го наведуваат тоа што Блерим Рамадани е странски државјанин, кој се товари за сторено кривично дело во друга земја односно во Косово, а се бара да биде екстрадиран во Србија.

„Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка со оглед што на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани. Сепак обврска е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса. Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 година, лицето не било екстрадирано во Србија бидејќи истиот бил
косовски државјанин и делото за кое се товари било сторено во Косово,
па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Косово, одлука
која била потврдена од Врховниот суд“, велат од Кривичниот суд.

Како факт број два во корист на одлуката на судијата Пајазити, од судот го наведуваат тоа што Рамадани бил во активен притвор со решение
на судија на претходна постапка од 17 јули до 1 август 2024 година или
15 дена.

„Согласно досегашната судска пракса за овие случаи, тоа е максималното време кое некое лице го поминало во екстрадиционен притвор“, категорични се од судот.

Судот оди понатаму и објаснува дека факт е дека на 1 август 2024 година, по предлог на одбраната на Рамадани, донесено е решение со кое тој и понатаму останува достапен  за органите на прогонот преку куќниот притвор, а при донесување на решението, судијата имал предвид дека со оглед на воспоставената судска пракса во сите одлуки на кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети законските претпоставки за
екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд.

„Согласно законските одредби, лицето може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција што е и наведено во решението, додека надзорот над куќниот притвор, согласно
решението се доверува на МВР односно надлежната полициска станица. Па
заради тоа одговорноста, системска или индивидуална, за бегството
треба да се бара кај органот кој го врши надзорот“, тврдат од Кривичниот суд.

Оттаму посочуваат дека до 14 аавгуст 2024 година ниту МВР ниту, политичките
партии, а ниту пак експертите не ја коментирале одлуката на судот за
определување куќен притвор иако истата беше објавена од медиумите, „веројатно поради функционалноста на истата како и бројните пресуди против државата токму заради ‘злоупотреба’ на притворот“.

„На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши
токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на
судот. Како последен факт, би сакале да потенцираме дека согласно воспоставена судска пракса и меѓународното право, кривичниот совет донесе решение според кое не се исполнети Законските услови за ектрадиција и целиот
предмет е доставен на надлежно постапување на Врховниот суд. Имајќи го предвид погоре наведеното, Судскиот совет може и треба да провери и утврди дали судот постапил согласно законот и праксата на повисоките судови, Но апелираме случајот да не се користи за политички препукувања, особено ако јавноста не е запознаена со клучните факти за конкретниот случај, судската пракса и пред сѐ институционалните надлежности“, велат од Кривичниот суд Скопје.

Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, беше уапсен на 17 јули годинава од страна на македонските власти откако се обидел да влезе во Македонија на граничниот премин Јажинце. Рамадани е бара по меѓународна потерница од Србија. Се сомничи за извршени воени злосторства во војната на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ