„Советот за оценка на обвинителен акт против обвинетите В.М., Б.В. и В.К., обвинети за по две кривични дела убиство, како и две кривични дела грабнување, како и обвинетиот А.Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година, по разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет, кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.
Оттаму уште соопштија дека постапката против првоосомничениот за двојното убиство – Љ.П., постапката сѐ уште е во фаза на истрага.
Палевски минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, а во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор. Тој на 15 мај беше екстрадиран од Турција и спроведен во Истражниот затвор Шутка, а на 21 мај беше изведен пред судија на претходна постапка.
Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември.