сабота, 27 јули 2024

Критика од Германија: Франција не му испорачува доволно оружје на Киев

И Франција и Германија не успеваат да ѝ пружат на Украина доволно воена помош во борбата против Русија, изјави за Политико високиот член на Бундестагот Мари Агнес Штрак Цимерман, која претседава со Одборот за одбрана во германскиот парламент. Таа е и водечки кандидат на Слободната демократска партија на претстојните избори за Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува бриселскиот портал, таа тврди дека Франција „прави релативно малку“ за да ѝ помогне на Украина, за разлика од Полска и Германија.

„Токму затоа што е важна држава, очекувам од Франција да не држи само големи говори, и тоа не мислам на негативен начин, туку своите зборови да ги проследи со акција“, кажа таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика вистинска дипломатска бура кога кажа дека не може да ја исклучи можноста земјите членки на НАТО да испратат свои трупи во Украина.

Штрак Цимерман ја призна великодушноста на Германија во поддршката на Украина, но кажа и дека канцеларот Олаф Шолц не оди доволно далеку. Особено го истакна неговото одбивање да испорача ракети со среден дострел „таурус“.

Додека Лондон и Париз ѝ испорачуваат слично оружје на Украина, Берлин одби да ги следи. Шолц кажа дека не е спремен на тоа германски воени експерти да ги подготвуваат украинските напади на начин на кој тоа го прават Британија и Франција. Штрак Цимерман кажа дека се надева дека канцеларот ќе ја преиспита својата политика, „ако ситуацијата се смени“.

„Се надевам дека ќе сфати, кога ситуацијата ќе се смени, дека направил голема грешка што не даде зелено светло пред една година. Значи, во тој поглед, надежта последна умира“, додаде таа.

Таа го критикуваше Шолц и поради кампањата за изборите за ЕУ, тврдејќи дека се прикажува како „канцелар миротворец“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ