сабота, 27 јули 2024

Кристијан Трајковски за случувањата во НСДП: Треба да бидеме коректор, а не апологет на поголемите партии

Објавено на

часот

Сподели

„На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право.

Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите.

Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!

Затоа, на 4-ти јуни конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски. Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Република Северна Македонија. Демократијата ќе победи“, се вели во отвореното писмо до јавноста на Трајковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ