сабота, 27 јули 2024

Кристерсон: Во случај на војна, можно е американско нуклеарно оружје на територија на Шведска

Шведскиот премиер Улф Кристерсон не ја исклучи можноста за поставување нуклеарно оружје на Соединетите Американски Држави на шведска територија во случај на војна.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кристерсон во интервју за шведското радио П1 Моргон одговара на прашање за Договорот за одбранбена соработка за кој парламентот ќе гласа во јуни, а кој меѓу другото, дава дозвола на САД да користи 17 воени бази на шведската армија на нејзина територија, но во која не се споменува забраната за вклучување нуклеарно оружје.

Шведската влада смета дека таквото исклучување не е неопходно бидејќи веќе постои парламентарна одлука со која се забранува нуклеарно оружје на шведска територија во мирновременски услови, пренесува шведскиот портал Експресен.

„Ако на наша територија се случува војна, во која е вмешана Шведска, тогаш ситуацијата е сосема поинаква. Ако се случи најлошото, демократските земји во нашиот дел од светот, се разбира, мора да бидат способни да се бранат од земјите што би можеле да им се закануваат со нуклеарно оружје“, рече Кристерсон.

Тој додаде дека целта на членството во НАТО е да се избегне таква ситуација и оцени дека Русија немаше да ја нападне Украина доколку беше членка на Алијансата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ