Станува збор за 45-годишен маж со богато криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега, дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.
Едниот, веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.
Двајцата се товарат за учество во криминална организација, разбојништво, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.
Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.
Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.
„Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот“, соопштија од грчката полиција, а пренесе МИА од Атина.
Според информациите на дописничката на МИА, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред повеќе од десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчкиот бродосопственик пред 15 години.