четврток, 24 октомври 2024

Криминал од епски размери, вели министерот Тошковски по акцијата во фирми во Струмица и други места

Слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал на штета на буџетот и граѓаните на Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за вчера спроведената полициска акција во дел од струмички, скопски и фирми од други места. Четири лица се приведени, рече министерот.

Објавено на

часот

Сподели

„Опсежна и обемна беше вчерашната акција на МВР на десетици локации во Македонија, а постапувано е во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и по наредба на судија на претходна постапка, но и заедно со останати државни институции како УЈП, Министерство за фнансии и со Царинската управа. Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија односно на парите на народот. Првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Во интерес на целокупната постапка не би можел да навлегувам во детали“, рече Тошковски денеска во Охрид.

Тој посочи дека четири лица се приведени во вчерашната акција во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната посета на Охрид.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера соопшти дека издаде наредби за претреси на домови и други простории на повеќе локации во повеќе градови. Запленета е масивна документација, како и електронски записи кои ќе се анализираат.

Инаку, се спомнува дека при акцијата се пронајдени милионски суми на кеш-пари, но и дијаманти, за што се споменува име на струмички бизнисмен, кој наводно е меѓу приедените. Се споменува и поврзаност со фирми од Косово.

Неколку лица се во бегство и по нив се трага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ