сабота, 27 јули 2024

Кревет и забоден нож пред гаражата на Кацарска, закана или…

Претседателката Добрила Кацарска и досега доживувала повеќе непријатности, ситни инциденти и закани преку социјалните мрежи кои не биле пријавени. Но, вчерашниот случај на нејзино лично инсистирање бил пријавен, велат од Уставниот суд откако вчера пред нејзината гаража во зграда во скопската населба Центар бил поставен импровизиран кревет, а кујнски нож бил забоден на прекинувач за светло.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На прашањето дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност, од Уставниот суд велат дека одговорите ги чекаат од истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ