Бектеши е еден од осомничените за трагедијата во Кочани во која има 59 жртви, бидејќи дискотеката каде што се случи пожарот имала фалсификувана лиценца која ја издава Министерството за економија.
Обвинителството за него и за други лица побара краткотраен притвор, а засега осомничени се 14 лица.
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, на кого жителите се најгневни, е во Обвинителството во Кочани и сè уште не се знае дали ќе биде меѓу осомничените.