сабота, 21 декември 2024

Кремљ: Зеленски направи фатална грешка

Русија соопшти дека планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја принуди Москва на мир е „фатална грешка“ за која Киев ќе трпи последици. Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре само преку преговори, туку дека Москва мора да биде принудена на мир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите: „Таквиот став е фатална грешка, системска грешка. Тоа е длабока заблуда која неизбежно ќе има последици за режимот во Киев“. Песков рече дека Русија сака мир, но дека прашањето не може да се реши со сила.

„Позицијата заснована на обид да се принуди Русија на мир е апсолутно фатална грешка бидејќи е невозможно да се принуди Русија на мир“, додаде тој и нагласи дека Русија е „поборник на мир“, но дека за тоа ѝ се потребни гаранции.

Рускиот претседател Владимир Путин во јуни изјави дека Русија ќе стави крај на војната во Украина само доколку Киев се откаже од своите аспирации за членство во НАТО и целосно ги предаде четирите покраини што Москва ги присвојува, што Киев брзо ги отфрли како услови еднакви на предавање.

Украина и нејзините западни сојузници тврдат дека победата на Путин во војната треба да биде спречена бидејќи, доколку не се запре, ќе им се закани на другите земји од соседството. Путин ја прикажува војната како егзистенцијална борба за Русија и негира дека е заинтересиран за проширување на конфликтот во други земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ