Британската влада најави дека ќе ја разгледа можноста за распоредување одбранбена инфраструктура, вклучително и воени бази, во Украина како дел од 100-годишниот договор за партнерство со оваа земја.
Кремљ ја осуди и точката на договорот за соработка меѓу Велика Британија и Украина во Азовското Море, бидејќи го смета за внатрешно море на Русија.
„Ние тоа го оценуваме негативно. Ова е навистина внатрешното море на Русија. Тешко дека може да се зборува за соработка меѓу Украина и Велика Британија во таа област“, изјави Песков за новинарите.
Според договорот, Велика Британија и Украина имаат намера да ја продлабочат воената соработка, наводно за да ја „зајакнат безбедноста“ во Црното, Азовското и Балтичкото Море. Договорот, исто така, предвидува дека Велика Британија ќе стане „префериран партнер“ на Украина во енергетскиот сектор, стратегиите за критичните минерали и производството на зелен челик.