петок, 27 декември 2024

Кремљ за азербејџанскиот авион: „Погрешно е да се изнесуваат шпекулации“

Триесет и осум од 67-те луѓе во авионот загинаа кога ембраер 190 се урна во близина на градот Актау, Казахстан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ денеска предупреди да не се шпекулира што би можело да го предизвика пад на авионот на Азербејџан ерлајнс, при што загинаа 38 од 67-те луѓе во авионот, откако воздухопловни експерти изјавија дека доказите укажуваат дека руска противракетна артилерија можеби го соборила патничкиот авион.

Авионот ембраер 190 се урна во близина на казахстанскиот град Актау додека патуваше од Баку, главниот град на Азербејџан, кон Грозни во Чеченија во Русија во средата. Авионот се обидел да изврши принудно слетување на околу 3 километри од Актау, според Азербејџан ерлајнс, но удрил во земјата, експлодирал во огнена топка и се скршил на два дела.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека истрагата за причините за несреќата е во тек.

„Би било неточно да се прават какви било хипотези пред истрагата да дојде до заклучоци, а ние дефинитивно не можеме да го направиме тоа и никој не треба да го прави“, рече тој на својата дневна прес-конференција откако Волстрит џурнал прв објави изјави на експерти што велат дека авионот бил соборен од руски противвоздушен систем. Потоа и Ројтерс и Анадолу пренесоа изјави на азербејџански функционери со истото тврдење.

Казахстанскиот вицепремиер Канат Бозумбаев исто така предупреди да не се наведуваат причини додека истрагата е во прелиминарна фаза.

„Полицијата и обвинителството вршат форензички испитувања“, изјави денеска Бозумбаев за казахстанските медиуми, додавајќи: „Затоа, во овој момент, прерано е да се зборува за што било. Ова е чиста еуфорија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ