На прашањето за коментар на инцидентот кој американско ФБИ го нарече обид за убиство на Трамп, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа: „Не сме ние тие кои треба да мислат, туку американските разузнавачки служби. Во секој случај, играњето со оган има последици“.
Коментарот се однесува на поддршката на Вашингтон на Киев во конфликтот против Русија.
Американските медиуми осомничениот напаѓач го идентификуваа како 58-годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи, цитирајќи неименувани полициски службеници.
Три кориснички профили на социјалните мрежи со името на Рут упатуваат на тоа дека бил жесток поддржувач на Украина во војната против Русија.