сабота, 27 јули 2024

Кремљ вели дека ќе возврати ако ЕУ го искористи профитот од рускиот имот да ја вооружи Украина

Русија ќе преземе реципрочни мерки во согласност со сопствените интереси и ќе ги користи сите правни механизми кои ѝ стојат на располагање ако Европската Унија го користи профитот од замрзнатиот руски имот за купување оружје за Украина, соопшти денес Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го даде коментарот пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за тоа прашање.

„Нормално, ќе ги користиме сите можни правосудни механизми, оние кои се сега достапни и сите оние кои ќе бидат достапни во иднина“, им кажа Песков на новинарите.

Тој истакна дека Русија „ќе бира различни методи на начин кој им одговара на нашите интереси“.

Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе разговараат на дводневниот самит на 21 и 22 март за континуирана поддршка на Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, проширувањето, надворешните односи, миграциите и земјоделството.

Како што се наведува во најавата на самитот, ЕУ ќе продолжи да пружа политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Киев колку што е тоа потребно.

Досега ЕУ и нејзините членки издвоија повеќе од 138 милијарди евра за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ