сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Украинскиот напад на нуклеарната централа во Запорожје е опасна провокација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за вчерашниот напад на нуклеарната централа Запорожје нарекувајќи го опасна провокација која во иднина може да има многу лоши последици.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е многу опасна провокација. Персоналот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) кој се наоѓа на лице место имаше прилика да присуствува на овие напади“, изјави Песков, пренесува агенцијата ТАСС.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка агенција Андриј Јусов ги негираше денес руските обвинувања, сугерираше дека напад не ни имало и додаде дека руските сили рутински измислуваат напади на нуклеарната централа.

Функционерите на нуклеарната централа Запорожје која е под руска контрола, јавија дека централата во неделата била нападната со украински воени дронови, и дека е гаѓана куполата на шестиот реактор на централата. Не е предизвикана сериозна штета, ниту има повредени, а нивото на радијација во централата е во границите на нормалата и по нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ