петок, 18 октомври 2024

Кремљ: Соборени 38 украински беспилотни летала над Крим

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 38 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим, јави државната новинска агенција РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс претходно објави дека патниот сообраќај во близина на кримското пристаниште Феодосиј е привремено ограничен, цитирајќи ги изјавите на руските официјални лица на Крим кои следеа по извештаите за неколку силни експлозии во областа на украинските и руските социјални мрежи.

Затворен е и патниот сообраќај на мостот што го поврзува полуостровот Крим со руското копно, соопшти Телеграм каналот на руската администрација што управува со мостот.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите за експлозиите. Засега нема коментар од украинските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ