сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Снимката на германските офицери е доказ дека Западот е директно вклучен во конфликтот

Руското министерство за надворешни работи го повика германскиот амбасадор во Москва на разговор откако во јавноста протече снимка од доверлив разговор на високи офицери на германската војска за војната во Украина, во кој се разговарало и за теоретската можност за испраќање проектили со долг дострел „таурус“ на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата за повикувањето на германскиот амбасадор во руското министерство за надворешни работи денес ја објавија повеќе руски новински агенции, додавајќи дека за снимката се огласи Кремљ, порачувајќи дека „таа докажува дека Западот е директно вклучен во конфликтот во Украина“.

Германскиот министер за одбрана претходно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува „да ја дестабилизира Германија“, откако Русија на социјалните мрежи објави снимка од доверлив разговор меѓу германски офицери за испораките на оружје на Украина.

„Станува збор едноставно за тоа дека снимката се користи за дестабилизација и поткопување на единството“ на Германија, им кажа министерот Борис Писториус на новинарите во Берлин. „Очигледно станува збор за поткопување на нашето единство, за внатрешно ширење политички поделби и искрено се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети“, додаде тој.

Учесниците во разговорот од снимката расправаат за теоретска испорака на проектили со долг дострел од германско производство „таурус“ на Киев, за тоа што би требало да се направи за на украинските сили да им се овозможи нивно користење и каков е потенцијалниот ефект.

Германското министерство за одбрана завчера ја потврди автентичноста на снимката. Содржината на снимката е прилично непријатна за Германија бидејќи Берлин официјално одбива да испорача проектили „таурус“ на Киев, плашејќи се од ескалација на војната.

На снимката германски офицери откриваат и детали за тоа на кој начин Британија и Франција ја помагаат украинската војска со ракетите „скалп“, кои двете земји му ги испорачуваат на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ