сабота, 27 јули 2024

Кремљ сè повеќе заработува

Според анализата на економистот на РАНД Хауард Шатц, рускиот буџет и јавната потрошувачка никогаш не биле толку високи како оваа година. Истражувањето го спровел со анализа на податоците кои ги објавило руското министерство за финансии. Причината за големите приходи е трговијата со Индија, пренесува Си-ен-ен. Минатата година Русија на Индија ѝ продала сирова нафта во вредност од 37 милијарди долари, по што Индија ја преработува таа нафта и ја продава на Западот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Индија го зголеми обемот на сировата нафта што ја купува од Русија дури за 13 пати во однос на предвоените бројки, покажува истражување на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (ЦРЕА). Продажбата на сирова нафта на Индија не е под санкции и е целосно легална, со проучување на поморските рути може да се утврди дека толку големиот обем на извоз веројатно вклучува користење „флота на духови“, за да се скрие со кого и како Москва тргува.

Си-ен-ен забележале примопредавање во грчкото пристаниште Гитио, каде нафта била префрлена од еден на друг танкер, за да се прикрие потеклото на стоката и дестинацијата на која стигнува. Двата танкери тргнале од Русија. Еден е во сопственост на индиска компанија која е обвинета за кршење на санкциите, а другиот бил во сопственост на личност под американски санкции, наведува компанијата Пол стар глобал, која се бави со следење на светската трговија.

„Трансферите се вршат и легално, но станува збор за тактика со која се избегнуваат санкциите“, вели Дејвид Тененбаум од Пол стар глобал. „Се додаваат повеќе слоеви во играта и се збунуваат властите. На крајот не знаете од каде таа нафта доаѓа и кој ја купува“, вели тој.

Официјално од Русија за Индија минатата година пловеле 588 танкери, но уште 200 бродови извршиле трансфер на друг брод во Лаконскиот залив во Грција. И тие бродови на крајот стигнале до Индија.

Причина за таинственоста на трговијата е тоа што сите вклучени бродови се поврзани со САД или Европската Унија, што значи дека субјект се минималните цени кои тие ги одредија. Русија на Индија ѝ ја продава нафтата под таа цена.

Компанијата Виндвард, која со помош на вештачка интелигенција ги анализира поморските рути, проценила дека руската „флота на духови“ има дури 1.800 бродови. Ефектот на засилената трговија со Индија значително ги ублажува европските и американските санкции, а големиот раст на буџетот ќе ѝ овозможи на Русија полесно да води долга војна. Меѓутоа, и покрај големите приходи, Русија има буџетски дефицит, кој беше ист и во 2022 и во 2020, пишува Си-ен-ен.

Индиските власти изјавија дека со трговијата со Русија ја држат ниска глобалната цена на нафтата. САД е најголемиот купувач на нафтените деривати кои ги произведува Индија. Дел од рафинериите во Индија се во руска косопственост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ