петок, 27 декември 2024

Кремљ: Русија и НАТО се сега во директен судир

Русија и НАТО се сега во „директен судир“, соопшти денес Кремљ, во момент кога западниот воен пакт одбележува 75 години од формирањето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Владимир Путин во 2022 година изврши инвазија на Украина за да спречи ширење на НАТО на поранешната советска република, но поради војната Финска и Шведска ја отфрлија неутралноста и влегоа во западниот воен пакт.

Откако портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова вчера кажа дека НАТО се вратил на менталитетот од Студената војна, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес на новинарите им кажа дека „односите меѓу Русија и НАТО паднаа на ниво на директен судир“.

Според него, НАТО е веќе вклучен во конфликтот во Украина и продолжува да се приближува и да ја шири својата воена инфраструктура сè поблиску.

Путин во повеќе наврати кажа дека западниот свет по Студената војна  и распадот на Варшавскиот пакт ја измами Русија со ширењето на НАТО кон исток и приемот во членство на држави од источна Европа и трите балтички држави кои беа дел од Советскиот Сојуз.

НАТО тврди дека ѝ помага на Украина во борбата за својот опстанок и го снабдува Киев со оружје, обука и разузнавачки податоци. Русија смета дека НАТО со тоа фактички е страна во конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ