понеделник, 13 мај 2024
„Откако Западот интервенираше на страната на Украина“

Кремљ: Русија е во војнa

Она што почна како воена операција ескалираше откако Западот стана учесник, рече Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако Западот интервенираше во специјалната воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние сме во војна. Да, тоа почна како специјална воена операција, но штом таму беше формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа за нас стана војна. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат“, рече Песков во интервју за весникот Аргументи и факти.

Тој додаде дека сега најважнaта работа за Русија е безбедноста на луѓето на териториите, кои, како што наведе, биле де факто окупирани од Киев.

Москва ќе продолжи да ја остварува својата цел да се осигури дека украинската војска не може да претставува закана за руските граѓани или територија, рече портпаролот, истакнувајќи дека земјата сега има „четири нови федерални субјекти што мора да бидат заштитени и целосно ослободени од киевските сили“.

Песков истакна дека Русија не може да дозволи на нејзините граници да постои држава што „јавно тврди дека ќе го заземе полуостровот Крим, како и новите територии на Русија“, мислејќи на украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Подоцна во телефонски разговор со новинарите Песков објасни дека и покрај тоа што конфликтот „де факто се претвори во војна“, во Русија правно тој останува класифициран како „специјална воена операција“ и дека ништо не се променило во тој поглед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ