Песков додаде дека лидерите се насочени кон понатамошно приближување и кон нормализација на билатералните врски.
Вчера Трамп и Путин разговараа речиси два часа, а за време на тој разговор договорени се неколку работи. Путин вети дека во следните 30 дена ќе ги запре нападите врз украинската енергетика и инфраструктура, што веќе денеска е прекршено.
Договорена е и размена на заробениците што би се одржала денеска, со по 175 воени заробеници кои ќе бидат вратени од двете страни, а покрај тоа Русија би требала да предаде и 23 тешко ранети украински војници.