сабота, 27 јули 2024

Кремљ: Нема да има „имунитет“ за француските инструктори во Украина

Официјален Кремљ потврди дека руските сили ќе ги таргетираат француските инструктори во Украина (за чие испраќање разговараат Париз и Киев), како и сите други непријателски војници или инструктори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинските војници не е имун на напади“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека „не е важно дали се Французи или не“.

Минатата недела, началникот на Генералштабот на украинската армија, Олександр Сирски, изјави дека Франција „наскоро“ ќе испрати инструктори за обука на војниците на земјата, која се соочува со руска офанзива од февруари 2022 година.

Набргу потоа, украинското Министерство за одбрана прецизираше дека за испраќањето инструктори „уште се разговара“ со Франција и други земји. Официјално, Франција нема војници што помагаат или ги обучуваат украинските сили во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон постојано зборува за можноста за испраќање западни војници да му помогнат на Киев, што предизвика отпор кај сојузниците, како и гнев кај Русија.

За планот за европска коалиција на воени инструктори за обука на украинските војници во Украина, што го сака Франција, се дискутира меѓу Европејците, но се чини дека е далеку од реализација.

Многу земји се прашуваат какви би можеле да бидат последиците од ваквата одлука во однос на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ