петок, 25 октомври 2024

Кремљ: НАТО и Западот ѝ помогнаа на Украина да ја нападне Русија

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, денеска изјави дека воената алијанса предводена од САД и Западот биле директно вклучени во планирањето на украинскиот напад врз руската област Курск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Патрушев во интервју за весникот Известија рече дека операцијата во Курската област била планирана со учество на НАТО и западните специјални служби.

„Изјавите на американското раководство дека не се вмешани во злосторствата на Киев во Курската област не се точни… Без нивно учество и директна поддршка, Киев немаше да влезе на руска територија. Белата куќа соопшти дека Украина не ја известила однапред за нејзиниот упад и дека Вашингтон не бил вклучен во операцијата. Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа американско оружје на руска територија во Курск“, рече Патрушев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ