понеделник, 27 мај 2024

Кремљ: Каква било нова американска воена помош за Украина нема да ја смени лошата состојба на украинските сили на фронтот

Кремљ соопшти дека каква било нова американска помош за Украина нема да ја смени лошата состојба на украинските сили на фронтот, и дека таквата помош ја сметаат за колонијална политика на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Ројтерс, претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон, најави дека ќе се одржи долго очекуваното гласање за нацрт помошта за Украина, Израел и Тајван од 95 милијарди долари, која вклучува 61 милијарда за Украина, веќе во сабота, 20 април.

„Украина мора да се бори не само за да обезбеди профит за Американците, туку мора да се бори до последниот Украинец и е преполна со долгови“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истакнувајќи дека „тоа е омилената колонијална политика на САД“.

Песков напомена дека „многу значителен“ дел од предложената помош ќе остане во американскиот воено-индустриски комплекс.

„Сите експерти и полуексперти сега можат со голо око да ја видат ситуацијата на фронтот, која е далеку од поволна за украинската страна, така што тоа не може ништо да промени“, кажа Песков за пакетот помош.

Русија контролира околу петтина од Украина, а западните лидери и разузнавачи велат дека војната е на раскрсница, која може да доведе до победа на Русија и понижување на Западот доколку Украина итно не добие поголема поддршка.

Конфликтот во Украина ја предизвика најлошата криза во односите на Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, тврдат и руски и американски дипломати.

Украина, поддржана од Западот, тврди дека се брани од грабање на територии од страна на рускиот империјализам.

Русија вели дека САД се обидуваат да ја привлечат Украина во западната орбита, а потоа да ја искористат како закана за Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ