недела, 19 мај 2024

Кремљ ја предупреди Британија дека може да возврати

Русија предупреди дека ќе нападне британски воени објекти и ѝ нареди на својата војска да спроведе вежби со нуклеарно оружје на бојно поле, во потег кој Кремљ го опиша како одговор на коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за западни трупи во Украина и на шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон за користење британски оружја против Русија. Кремљ вчера соопшти дека во знак на протест ги повикале британскиот и францускиот амбасадор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на Камерон дека Украина има право да го користи британското оружје против Русија значи дека Британија е де факто страна во конфликтот.

Изјавата на Камерон следеше откако Украина изврши напад на балистички ракетни системи „искандер“ стационирани на Крим.

Британскиот амбасадор бил предупреден дека „како одговор на украинските напади на руска територија со британско оружје, секоја британски воен објект и опрема на територијата на Украина и во странство“ може да биде мета, се наведува во соопштението. Русија вчера соопшти дека ќе вежба распоредување тактичко нуклеарно оружје како дел од воена вежба по, како што наведе, заканите од Франција, Британија и Америка.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека вежбите се поттикнати од изјавите на Макрон, како и на британските и американските функционери, кои зборуваат за можноста за испраќање западни трупи во Украина.

„Зборуваа за спремност, па дури и намера да испратат вооружени контингенти во Украина, односно, да стават НАТО војници пред руските трупи“, кажа Песков.

Руското министерство за одбрана порача дека вежбите се наменети за „безусловна заштита на територијалниот интегритет и суверенитетот на руската држава“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ