понеделник, 21 октомври 2024

Кремљ: Изборите во Молдавија не беа слободни, тешко објасниво зголемување на гласовите во корист на ЕУ

Изборите во Молдавија не беа слободни и резултатите покажаа „тешко објасниво“ зголемување на гласовите во корист на претседателката Маја Санду и Европската Унија, изјави денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, а пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Она што го гледаме механички тешко ја објаснува стапката на пораст на гласови во корист на Санду и сите други учесници на референдумот кои се залагаат за ЕУ ориентацијата“, кажа Песков.

Речиси конечните резултати покажуваат дека 50,17 отсто од граѓаните на Молдавија гласале „за“ на клучниот референдум за придружување на таа држава на ЕУ, откако Санди кажа дека двете вчерашни гласања биле нарушени „без преседан“ од надворешно мешање.

Покрај референдумот, во Молдавија вчера беше одржан и првиот круг на претседателските избори. Санду доби 42 отсто од гласовите, а нејзиниот главен ривал, поранешниот јавен обвинител Александр Стојаногло освои 26 отсто, што значи дека тие одат во вториот круг кој ќе се одржи на 3 ноември.

Песков ја опиша изборната кампања во Молдавија како „неслободна“, обвинувајќи дека на опозицијата ѝ била ускратена можноста да ја води кампањата и дека била подложена на репресија од власта.

„Прогонувани се, затворани, испрашувани, не се пуштани во земјата, затворени се медиуми, блокирани се интернет ресурсите и така натаму“, кажа Песков.

Денес наутро Санду им се обрати на граѓаните на Молдавија, кажувајќи дека постојат „јасни докази“ дека криминални групи кои работат за „странски сили, непријателски кон нашите национални интереси“, се обиделе да купат 300.000 гласови.

„Ако таа тврди дека не добила гласови поради одредени криминални групи, мора да изнесе докази. И би било фино госпоѓата Санду да го објасни толку големиот број гласови против неа. Дали и тоа се криминални банди: Или мисли дека граѓаните на Молдавија кои не ја поддржуваат се поврзани во криминални групи?“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ