четврток, 12 декември 2024

Кремљ: Главната потенцијална тема за дијалог со САД е вооружувањето во вселената

Москва кажа дека стратегиските безбедносни прашања, вклучувајќи го оружјето во вселената, е главната потенцијална тема за дијалог со Соединетите Американски Држави. САД планираат да предложат резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации следната недела за забрана за поставување нуклеарно оружје во вселената, два месеци откако американски извори кажаа дека Вашингтон има нови разузнавачки податоци поврзани со руските нуклеарни капацитети и обидите за развој на вселенско оружје. Москва ги негираше овие тврдења.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето за нацрт резолуцијата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа новинарите: „Главната потенцијална тема за дијалог меѓу Соединетите Држави и Русија се прашањата врзани за стратегиската безбедност, што го вклучува прашањето на вселената“. Односите меѓу САД и Русија значително се влошија по почетокот на конфликтот во Украина во 2022.

Русија и САД, двете најголеми нуклеарни сили, изразија жалење поради пропаѓањето на договорот за контрола на вооружувањето чија цел е намалување на ризикот од нуклеарна војна. Последниот договор кој го ограничува бројот на стратегиски нуклеарни боеви глави на двете страни истекува во 2026.

Претседателот Владимир Путин инсистира дека Москва ќе разговара за контрола на вооружување само во рамки на поширок пакет прашања кои се однесуваат на безбедноста на Русија, вклучувајќи ја нејзината загриженост околу проширувањето на НАТО и западната поддршка на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ