среда, 29 мај 2024

Кремљ: Еден напуштен мировен договор од 2022 може да биде основа за преговори за Украина

Еден напуштен мировен договор меѓу Русија и Украина од 2022 година би можел да биде основа за нови преговори, но нема знаци дека Киев е подготвен за такви разговори, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истанбул во април 2022 година Русија и Украина биле на раб да се договорат за прекин на непријателствата, но дека Украина се повлекла од договорот веднаш штом руските војници се повлекле од близината на Киев.

Договорот, наводно, содржел клаузули со кои се бара Украина да прогласи геополитички неутрален статус и да не се приклучува во НАТО, да ја ограничи големината на своите вооружени сили и да ѝ додели специјален статус на источна Украина – но украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно стави до знаење дека се противи на сето ова.

Во вчерашната изјава, Путин повторно го покрена ова прашање и рече дека е отворен за, како што рече, реалистични преговори, но не и за разговори од типот на оние што ги води Украина, со кои се сака да се заобиколи Москва и кои, според него, не ја земаат предвид новата реалност.

Песков, портпаролот на Путин, рече дека многу работи се промениле од 2022 година, вклучувајќи го, како што рече, додавањето на четири нови региони на руската територија, мислејќи на деловите од Украина за кои Москва тврди дека се нејзини.

Но Песков рече дека напуштениот договор од Истанбул сепак може да биде основа за нови разговори и дека Русија е подготвена за тоа. Меѓутоа, на прашањето дали Москва чувствува спремност за разговори кај украинската страна, Песков рече: „Не, не го чувствуваме тоа“.

Украина вели дека сака да ѝ се врати целата нејзина територија, вклучувајќи го и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и и последниот руски војник да ја напушти нејзината територија. Таа се обидува да почне меѓународни разговори за нејзиниот став, кои ја исклучуваат Русија, вели Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ