сабота, 21 декември 2024

Кремљ демантира дека Трамп по напуштањето на функцијата седум пати разговарал со Путин

Кремљ денес ги демантираше извештаите на американскиот новинар Боб Вудворд дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин дури седум пати, откако ја напуштил функцијата, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на рускиот медиум РБК дали Путин и Трамп разговарале на телефон, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа: „Не, тоа не е вистина“.

Во својата книга „Војна“ Вудворд тврди дека Трамп на наредил на помошникот да излезе од канцеларијата во резиденцијата на Флорида во Мар а Лаго на почетокот на 2024 година за да може телефонски да разговара со Путин. Тоа се наведува во резимето на книгата кое го пренесува Вашингтон пост.

Американскиот весник денес наведе дека во книгата не се опишува за што разговарале двајцата лидери, и цитира службеник на кампањата на Трамп кој го доведува во сомнеж наводниот контакт.

Книгата исто така цитира неименуван помошник на Трамп кој укажува дека Трамп можеби разговарал со Путин дури седум пати откако Трамп ја напуштил Белата куќа во 2021.

Изборниот штаб на Трамп ги отфрли тврдењата во книгата на Вудворд и истакна дека содржината е „измислена“, пренесе Њујорк тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ