сабота, 15 март 2025

Кремљ: Американскиот претставник ќе му ја пренесе на Трамп пораката на Путин

Кремљ објави денес дека рускиот претседател Владимир Путин му ја предал на американскиот претставник Стив Виткоф пораката за американскиот претседател Доналд Трамп за предлогот за примирје во Украина, предлог кој во Москва е дочекан и со внимателен „оптимизам“ и резерва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател „пренесе преку Виткоф информации и дополнителни сигнали наменети за претседателот Трамп, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј песков, кој уште кажа дека е „внимателно оптимистичен“ за време на својот дневен брифинг за новинарите.

„Кога Виткоф ќе му ги донесе сите информации на претседателот Трамп ќе го утврдиме тајмингот за разговор меѓу двата претседатели“, додаде Песков.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф во Русија го однесе предлогот за едномесечно примирје усогласен за време на состанокот на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија во вторникот.

Под американски притисок Украина на почетокот на неделата прифати моментално и безусловно примирје од еден месец, ако истовремено го почитува и Русија, која досега не даде јасен одговор на тој предлог.

Рускиот претседател Путин вчера изнесе резерва околу „важните прашања“ поврзани со примирјето, но внимаваше да не ја отфрли целосно инцијативата на Трамп.

„Ние сме за тоа, но има нијанси“, кажа рускиот претседател, и истакна дека сака за тоа да разговара со Американците, и дека може да му се јави на американскиот претседател.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди „манипулативните изјави“ на Путин околу предлог примирјето и го обвини дека одолговлекува.

Трамп ги опиша како „многу ветувачки“ последните изјави на Путин но и предупреди дека би бил „многу разочарувачки момент за светот“ ако Русија го отфрли неговиот план за 30-дневен прекин на борбите во Украина.

„Би сакал да го сретнам и со него да разговарам“, кажа Трамп и додаде дека треба брзо да се реши прашањето на примирјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ