сабота, 27 јули 2024

Кремљ ѝ одговори на Варшава: Ако распоредите нуклеарно оружје, ќе ја гарантираме сопствената безбедност

Официјална Москва одговори на желбата на Варшава на територијата на Полска да биде распоредено американско нуклеарно оружје, што го најави полскиот премиер Анджеј Дуда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако нашите сојузници одлучат во рамки на програмата за ‘нуклеарно споделување’ да распоредат нуклеарно оружје и на наша територија за јакнење на безбедноста на источното крило на НАТО, спремни сме на тоа. Ние сме сојузници во НАТО и имаме обврски по тоа прашање, што значи дека едноставно ги спроведуваме заедничките политики“, кажа Дуда за весникот Факт.

На тоа веднаш одговори Москва, од каде е соопштено дека Министерството за одбрана на Русија ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја осигура безбедноста на Русија во случај американско нуклеарно оружје да се распореди на полската територија.

„Војската, нормално, ќе ја анализира ситуацијата во случај на реализација на таквите планови и во секој случај ќе направи, сите неопходни возвратни чекори за да ја гарантира нашата безбедност“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Станува збор за програмата на Соединетите Американски Држави Нуклеар шеринг која му овозможува на Вашингтон да го распоредува своето нуклеарно оружје во земјите во НАТО кои го немаат.

САД во Европа и Турција имаат 100 тактички нуклеарни ракети. Боевите глави се со сила од 0,3 до 50 килотони за бомбите Б61-3 и Б61-4 и се складирани во шест бази во Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ